Македонија 05. ноември 2019. / 19:33

На лихварот му бегаат муштериите

На лихварот му бегаат муштериите

50% помала наплата на данок на добивка, фирми кои плаќале данок до сега повеќе ги нема во системот што значи дека ја напуштиле државата, граѓани кои покажувале високи приходи забележливо е дека прикажуваат пониски. Ова на кратко е резимето на Нина Ангеловска, министер за финансии, која мораше да го каже она што Зоран Заев не сакаше.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Прогресивниот данок е тотална утка. Македонија беше експериментал глушец на ,,умовите” на власта. Експериментот е неуспешен. Проектот пропадна, а државата се на пат да ја пропаднат, ако не ги спречиме на 12 април.

Алармиравме дека ќе има даночна евазија и таа се случи. ИТ инжинери својот доход го земаат на нерезидентни сметки во странство, фирми отвораат седишта во земјите од соседство, а често таму ги селат и своите погони, а тие кои останале на секој можен начин се трудат да покажат помала добивка. И што може да се очекува во земја во која допрва треба да ја намалуваме невработеноста до прифатливите 7-8% !?

И не се само тоа штетите. Во изминатиов период големи мултимационални компании покрај заради криминалот ја заобиколија Македонија и како последица на повисоките даноци. Не доаѓањето на Фолксваген е типичен пример за тоа.

Но не е само Фолксваген, голем број на други големи корпорации отворија погони низ Србија и Бугарија, додека Заев беше зафатен со зголемување даноци.

И сега свесни дека направија грешка мислат дека ќе ги излажат како домашните, така и странските фирми, па велат во ред три години ќе ја ставиме мерката во мирување. Но тоа не е решение, туку зголемување на проблемот. Добро е што промените се гледаат и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мерката прогресивен данок, инаку и тие што останаа во државата ќе си заминат.

Рамниот данок и е потребен на Македонија се додека државата не застане на нозе. Високата невработеност мора да се стопи до 5%, платите мора да го достигнат просекот на Европската Унија, а даночната дисциплина да се зголеми.

Земјата мора да ја искористи својата стратешка позиционираност и да биде финансиски мост во поширокиот регион, а тоа е единствено можно со политика на ниски даноци, нулта непотребна бирократија и ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Се други е чисто лихварство, каде како лихвар се јавува државата.