Македонија 11. август 2019. / 18:39

Магарето кое сакаше да стане коњ

Магарето кое сакаше да стане коњ

Куфери полни со пари. Милион евра во торба. Снимки од кои го слушаме гласот на Катица Јанева, која ветува дека се ќе биде во ред, гарантира комодитет на обвинети, се спомнува и Зоран Заев како човек кој знае се, земани се милиони и ова траело со години. Системот е подјаден, имаат луѓе секаде, извршна власт, суд, обвинителство. Народот е угнетен, бизнисот изрекетиран и за се се молчи. Правна држава? Барајте ја на друго место, овде ја убија Зоран Заев и екипата околу него!

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Како понатаму? Секако само со овие не!

Ќе го почнам текстов со две прашања. Првото прашање ми е до сите оние кои извикуваа ,, нема правда, нема мир” и фарбаа згради. – Луѓе, ниту правда има, ниту мир! Кај сте сега? Се срамите или сте дел од системот!? Имаше луѓе кај вас што искрено веруваа на лагите кои беа спакувани во правни флоскули. Ако тогаш се сензибилизиравте и се згрозувавте, кај сте сега?

Второто прашање ми е до сите невладини организации, вие што врескавте на секоја бомба од Заев, кај сте сега? Некако не ми личи баш дека во Македонија владее правото.

Ве нема ни едните, ни другите, срам ви е и треба да ви биде. Да не бевте вие ова воопшто немаше да се случи.

Системот ни е рѓосан. Ова обвинителство нема да процесиура дела против власта, се додека е Зоран Заев премиер. И да видиме како Катица Јанева или некој друг близок до власта убива човек на улица, казна мало сутра што би рекол Заев. Во било која друга држава, Јанева ќе беше уште од првиот ден во притвор, немаше да се чека да го изгуби, форматира, ресетира или што ли уште не нејзиниот мобилен телефон… немаше ни да биде на пкажа додека слушаме снимки на кои Боки 13 објаснува што ќе се случува во истрагата, за на крај само да ја праша дали има нешто да додаде. Еј, дали има нешто да додаде!? На што оваа одговара со не. Мизерија, дно.

Жената што требаше да гони криминал, стана крминалец. Се знаеше, се зборуваше дека уценуваат, се закануваат и што ли уште не. Но дека вака дрско рекетираат. – Не. Да беше правната држава функционална, до сега целиот систем ќе беше разоткриен, а владата во оставка.

Јасно им е на сите не може со години да се рекетираат бизнисмени, а МВР да не знае. Не може Заев, премиер, но и човек кој и самиот е бизнисмен да не знае дека бизнисмените во државата проплачаа. Но очигледно му одговара да ,,не знае”. Но тоа е кога магарето сака да стане коњ, но сепак тоа магарешкото во него ме излегува. Ги крие ушите, но тие се приметуваат.

И како понатаму? Како со систем кој е корумпиран до срж? Никако поинаку освен со темелна реконструкција, но реконструкција не со оваа власт, која до коска се корумпираше; Предвремени избори веднаш и ревизија на сите судски пресуди во изминативе 3 години.

Хаосот мора да престане да биде наше секојдневие.