Македонија 14. април 2019. / 22:48

Контурите се исцртани, лавината е тргната, граѓаните ќе се изборат за право и правдина

Контурите се исцртани, лавината е тргната, граѓаните ќе се изборат за право и правдина

Дванаесет дена кампања, а веќе видовме и се изнаслушавме се и сешто, чиниш една години траело, а не нецели две недели. Навреди, понижувања, подметнувања, власта не запира да се служи со најразлични методи само да се добере до глас повеќе. Но поддршката забрзано ја губат, па во бунило почнуваат и да признаваат дека лажеле кога гледаат дека времето за реализирање на ветеното доаѓа.

Последно во низата признанија е минато неделната изјава на Заев дека не му рекле дека ќе почнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година, туку дека му рекле дека МОЖЕБИ ќе почнеме преговори во јуни. Хммм… Чекајте малце луѓе кочете! Ова е изјава на годината! Па човекот цела кампања изврте претходната година со оваа лага и сега вели не ми рекоа јуни!? Да бевме нормално општество повици за оставка ќе имаше прво од неговите во партија, но тој филм во СДСМ не го гледаме, барем не додека има места за делење во јавната администрација!

Сепак да се вратиме на ЕУ, почеток на преговори тешко дека ќе има во јуни, се спомнува септември, а можеби и јануари. Полека но сигурно се потврдува она кое што ВМРО – ДПМНЕ го збориме веќе две години, за влез во ЕУ не треба да се свитка кичма и да се понижи сопствениот народ, потребни се реформи во сите сфери на општеството, департизирана администрација, деполитизирано судство, борба против корупцијата и уште многу други работи, но да застанеме тука. Од погре кажаното ништо немаме. А немаме затоа што оваа влада не направи ништо што ќе ја придвижи земјата напред, туку се фрли на распродажба на националните интереси и делење тендери.

ЕУ од нас бара европски вредности, држава во која владеењето на правото е пракса, а демократијата начин на размисување. Со Заев на чело овие работи сите знаеме не се возможни. Уште пострашно е кога наместо еден ќе имате двајца Заевци. Пендаровски вели дека се исти 102.5%, па сега вие мислете му ја, ако со Заев имаме 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, половина милијарда нов долг, економија која е оценета со нула од нашите германски пријатели, шти правиме тогаш со двајца Заевци?

Самиот Заев призна дека столбот на сите негови кампањи до сега е само лага. Но тоа не го спречи во давање нови ветувања. Нели the show must go on.

Секоја среќа народот го прочита Заев, неговата политика и капацитет на него и луѓето околу него. Наједноставен показател за тоа е посетеноста на неговите митинзи. Денеска на митингот во Скопје се виде падот на СДСМ, тоа го знае и Заев. Едвај 12 илјади луѓе, а притоа автобуси од цела држава е показател дека лавината е тргната и нема назад. СДСМ паѓа. Граѓаните бараат право и правдина. Бараат рамноправност пред законите, фер услови за секој. На државава итно и треба рестарт, но тоа не е можно со ликови кои две години работат за да дојдеме до ова дереџе. За една недела имаме шанса да им ставиме крај на лагите. Секој граѓанин сам одлучува за својата и иднината на своите деца. Дали ќе продолжиме кон безредие или ќе бидеме функционална држава. Навредите, криминалот, непотизмот и лошите резултати мора да станат минато. Од нас зависи. Гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас за право и правдина. Да избереме мудро!