Македонија 29. октомври 2019. / 19:39

Кажете му дека претставата заврши !

Кажете му дека претставата заврши !

Зоран Заев со своите настапи деновиве се повеќе нѐ уверува дека ја изгубил контролата, не само врз јазикот, таа одамна ја има изгубено, туку и врз политичките процеси. Ништо повеќе не зависи од него.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Загубената моќ резултира со панични испади на маалски фори од типот на ,,мало сутра” како да станува збор некој џепарош од улица, а не актуелен премиер на држава. Но тоа не е ново за Заев, неговиот политички речник не изобилува со многу фин вокабулар, да не заборавиме тоа е човекот што ,,јаде живи луѓе” да не знае човек дали всушност станува збор за исфрустриран човек од долгата опозиција во која беше или за психички нестабилна личност.

Кое и да е од двете. За жал овој човек ни е премиер. Уверен сум не уште долго.

Каде е вистинскиот проблем? Вистинскиот проблем е загубената поддршка кај граѓаните и кај странците. Кај граѓаните одамна ја загуби, а тоа се гледа од анкетите, кои укажуваат на голема предност на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ја загубу и кај странците. Криминалот, корупцијата и на крај рекетот го донесоа своето. Пресконференцијата на Тимоние е јасен показател во која насока се движи Заев, на прав пат за во опозиција. Канонадата напади кон Тимоние и Макрон од функционерите на СДСМ е цврст показател дека партијата веќе извесен период не е во координација со Западот и така и ќе остане до избори, за потоа се знае, одат опозиција.

Нападите на Франција се само уште еден обид да се изрежира незадоволство од ,,неправедната одлука” и да се отргне вината за неуспехот од Заев. Ова не е театар, ниту граѓаните се мали деца. Како прво странците го гледаат аматеризмот со кој Заев почнува да ги прави Баба Роги, а како второ граѓаните одамна го прочитаа. Така да претставата одамна е завршена. Но нема кој да му каже.

Си велите зарем го пуштија низ вода странците!? Да го пуштија. Првин тој нив, со криминалор, корупцијата и рекетот, па тие него откако видоа дека не сака да воведе правда, туку да воспостави криминоген систем.

И да, ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж. Со нов бран политичари, стануваме единсвената опција за Македонија.