Македонија 19. ноември 2019. / 22:01

Јанева и ќебапчињата

Јанева и ќебапчињата

Денеска од притвор излезе Катица Јанева, жената без која рекетот на Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец немаше да биде возможен. Таа од позиција на шеф на институцијата за прогон СЈО била бабарогата со која е заплашуван или ангелот чија милостиња требало да ги стигне обвинетите кои ќе платат рекет.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Слушнавме од аудио разговорите како Јанева ветува, дека: СЕ ЌЕ БИДЕ ОК. Видовме и од истрагата дека тоа ОК, имало цена.

Властите кои чекаа да поминат неколку месеци од почетокот на истрагата за да ја уапсат Јанева, кои дозволија истата да изгуби, преформатира и што ли уште не да му направи на нејзиниот телефон. Лагодно да се шета додека е на функција и да биде потенцијална закана за секој сведок против нејзе, сега е пуштена во куќен притвор. Внимавајте жена осомничена за минимум 1.5 милиони евра рекет. Да, ова го има само во Македонија под власт на Заев.

Па нормално, тука луѓе завршуваат во затвор затоа што украле ќебапчиња, ајвар или храна, затоа што доведени до питачки стап нема од што да преживеаг, и да тие ќе лежат и по 3 години, но човек од власта како Јанева не смее да лежи во затвор, особено не во Декември, па ладен месец е разберете. Жената е навикната на топлиот и удобен кабинет на Рузвелтова. Зграда во чии подруми мистериозно се поплавуваа докази.

Сега си велите овде правда нема. Па нема и нема да има се додека правото е злоупотребено. Додека за ќебапчиња се лежи, а за милиони се добива судска милостиња. Се дотогаш народот ќе бега и нема да гледа надеж во државата.

Ќе си речете имаат ли овие ум!? Зошто пред избори, си го рушат рејтингот!? Јас ќе ви речам да. Многу се свесни за последиците, затоа што го знаат исходот од изборите, знаат дека паѓаат и гледаат да завршат и затворат случаи во нивна корист. Но залудно. Ова е како разулавена толпа која не може да се контролира. Кулата од карти се руши и никој нема да се спаси.

Доаѓа време кога за криминалот ќе се одговара.