Македонија 29. April 2019. / 12:42

Глас за Силјановска е глас за смена на Заев – Излези и гласај! За иднината се работи!

Глас за Силјановска е глас за смена на Заев – Излези и гласај! За иднината се работи!

Првиот круг од изборите јасно ја отслика антивладината атмосфера која владее во општеството. Промената на името, криминалот, корупцијата и непотизмот ја прелеаја чашата на трпение кај граѓаните. Пендаровски, зад кого застанаа СДСМ, ДУИ, ДПА, ДОМ, ВМРО НП и уште триесетина партии освои само, велам само, 323 илјади гласови!

пишува: Светислав ВАСЕВ

Кандидатот кој себе си се нарекува надпартиски, и кој за себе вели дека има поголем рејтинг од тој на коалицијата која застана зад него со еден куп партии тежи само 323 илјади гласа.
Дефинитивен победник, кој сурфа на бранот на промените е Гордана Силјановска Давкова, политичар што фрла ново светло на погледите за политиката.

Изборниот резултат потврди дека СДСМ сама не вреди ни 200 илјади гласа. СДСМ со Заев денес е најслаба од било кога до сега. Вистинската штета што им ја направи Заев во СДСМ допрва ќе ја чувствуваат, а тоа е на следните парламентарни избори, кои во политичка смисла на зборот ќе им бидат кошмар.

Тие избори се изборите на кои Заев ќе си замине, и сета оваа политика на неработа ќе замине во историјата.

Две ипол години се повеќе од многу потрошено време, години во кои државата помина низ промена на име, криминал, корупција, непотизам од невидени размери, политички прогон и економско тонење. Оваа агонија мора час поскоро да запре, граѓаните тоа го знаат, затоа резултатот во првиот круг е таков каков што е. Бранот за промени е тргнат, и станува се поголем.
Граѓаните бараат промени и истите сами ќе ги предизвикаат прво на 5 мај со масовно гласање за Гордана Силјановска Давкова, кандидат, кој како претседател ќе внесе нов пристап во политиката, ќе ја врати довербата во институциите, ќе се бори за почитување на уставот и законите, ќе работи кон постигнување на право и правда во државата, за креирање праведно општество, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

Гласот за Силјановска е глас за промени. Гласот за Силјановска е глас за надежта дека Македонија може и мора подобро. Да излеземе од сивилото. Да ги отпочнеме процесите за промена на власта. Глас за Силјановска е глас за смена на Заев. Излези и гласај! За иднината се работи!