Uncategorized 11. May 2019. / 11:55

Француските власти ќе имаат пристап до алгоритмите на Фејсбук

Француските власти ќе имаат пристап до алгоритмите на Фејсбук

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, ги пофали напорите на Франција за регулирање на интернет содржините кои претставуваат говор на омраза.

Тој, по состанокот со претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека напорите на Париз се модел за ЕУ. Изјавата на Цукерберг дојде откако некои политичари остро го критикуваа Фејсбук поради неуспехот брзо да ги отстранат снимките од нападот во кој вооружен напаѓач во март во Крајстчерч, Нов Зеланд, уби 50 лица. Снимката од нападот неколку дена кружеше на интернет.

Состанокот на Макрон и Цукерберг се совпаѓа со објавувањето на извештајот во Франција во кој се препорачува построг надзор на Фејсбук и воспоставување на независно регулаторно тело за напорите на големите технолошки компании во борба против говорот на омраза.

– Ако повеќе земји го следат она што вашата влада го направи мислам дека веројатно би дошло до позитивен исход отколку во случај на некоја друга алтернатива. – изјавил Цукерберг на новинарите по состанокот во Елисејската палата.

Макрон сака Франција да ја преземе водечката улога во регулирање на технологијата и да пронајде рамнотежа помеѓу “пуштање се да оди по својот тек”, како што тоа го прават САД и строгите контроли на интернетот во Кина.

Во извештајот кој бил објавен пред состанокот, се препорачува француските власти да имаат поголем пристап до алгоритмите на Фејсбук, како и поширок увид во внатрешната политика на американските компании кога станува збор за говорот на омраза. Одлуката на Фејсбук да дозволи на извршниот француски тим влез во компанијата е прв ваков случај на компанија на тој начин да ја отвори својата врата.