Македонија 17. јуни 2019. / 22:56

ЕУ не бара сменето име, ЕУ бара реформи и работа кои ги нема со Заев на власт

ЕУ не бара сменето име, ЕУ бара реформи и работа кои ги нема со Заев на власт

Македонија последниве две години оди назад, државата буквално стагнира. Ќе кажете пак бледи политички флоскули… Не, ова е суровата реалност! Потврда за тоа дојде и од ЕУ и пролонгирањето да се даде датум за почеток на преговори. Ако до сега единствена пречка за старт на преговорите беше спорот за името, сега истиот го нема, а сепак преговорите не се почнати. Зошто претпоставувате и сами, нема реформи, нема напредок.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Да почнеме од почеток. Осум години Македонија е на прагот на ЕУ и единствена пречка беше Грција. Како државата, така и граѓаните се изморија од чекањето па ова вешто го искористија социјалдемократите, кои успеаја да наметнат реторика дека откако името ќе биде решено, влезот во ЕУ ќе дојде само по себе. Но не било се така еднобојно. Името го сменија, но ЕУ некако и не ни е баш најблиску. Напротив никогаш не сме биле подалеку. Зошто го велам ова. Имено смената на името од западните центри на моќ, што е нормално кога се гледа низ нивната призма е голем проблем тргнат од плеќи. Затоа Македонија доби кредит и влез во НАТО, но и покрај тоа ЕУ некако не ни е блиску. Ниту меѓународно политичкиот капитал акумулиран од промена на името не е доволен за влњз во ЕУ, кога нема реформи и вистинска демократија.

Зошто ЕУ не не прима е едноставен одговор, Унијата е економска организација. Формирана по Втората Светска Војна за да го забрза растот во повоена Европа и да креира добробит за своите членки, првин составена од три организација Европската Економска Заедница, Европската Заедница за јаглен и челик и Евроатом, последниве две веќе не постојат, а Европската Економска Заедница е за нас познатата ЕУ денес. Темелот на Унијата се економските односи меѓу државите, заедничкиот пазар, безцаринскиот систем, слободниот пазар, сите втемелени на цврсти принципи и јасна регулатива. Да регулатива. Законот и неговото владеење и применување во пракса се обврска во ЕУ. Е тука драги мои веќе сите насетувата ние имаме проблем, а како да немаме кога државата две години ни ја води СДСМ, наместо реформи и напредок, имаме уназадување на секое поле, криминал на улиците, корупција, судски пресуди се носат под диктат на власта, а се прославивме и како единствема држава во Европа во која во 21 век имаме политички затвореници.

Ако господата од власта мислат дека политичарите од ЕУ не го гледаат криминалот кој се прави дебело се лажат. Гледаат и не можат да ни се изначудат, како и покрај сета помош која ни ја пружаат за државата да тргне напред ние тонеме во калта. А тонеме затоа што имаме премиер кој функционира по принципот ,,1 евро за Вицето” . Токму затоа не ни помага ни промената на името, во ЕУ без реформи, ефикасно судство, непартизирана администрација и борба против корупцијата не бива.

Бирократите од ЕУ, но и сите странски политичари увидоа дека со Заев напредок не е можен.

Датум е возможен само доколку ЕУ не одлучи дека заради иднината на државата почетокот на преговорите е од суштинско значење. Тоа нема да биде поради економски реформи, борба против корупцијата или ефективен правосуден систем, тоа ќе биде подарок. Подарок за кој како држава мора да изработиме, но со Заев тоа не е можно, оваа влада покажа дека нема капацитет. Единствен начин да се забрза процесот кон ЕУ се нови избори и доаѓање на власт на способна и ефикасна администрација која знае што прави. Ова многу добро го знаат ситњ проевропски сили во државата. Единствена опција кон ЕУ е идната влада да ја формира ВМРО-ДПМНЕ.