Македонија 15. октомври 2019. / 22:23

Држава поделена на мафијашки реони, криминалци во фотељите

Држава поделена на мафијашки реони, криминалци во фотељите

Месеци поминаа, а не гледаме никаква разврска во случајот Рекет. Премиерот Заев, најкрупната политичка фигура во државата во моментот, кој се спомнува во исказот на една од жртвите на рекетирањето се уште не е повикан на распит. Работите се движат бавно, како однапред испланирани.

Потребни беа месеци за Јанева да се стави во притвор, Ременски да се повика на суд, да се прошири истрагата. Иако цела јавност гласно зборуваше, само ЈО не дослушуваше. Но како ќе дослушне кога на ова обвинителство му се запишени ушите, наместо да му се врзани очите!? Кога се работи за политички противници на Зоран Заев тие веднаш завршуваат во затвор. Кога станува збор за луѓе блиски на власта се прави се само тие да се спасат од одговорност.

Правда тука одамна нема. И додека се овие луѓе политичка елита во државата и нема да има. Човек за кој слушаме како од градоначалничка фотеља на бизнисмен од кој бара едно евро по метар квадратен мито, вели дека сите што легализирале плаќале мито, не може да донесе правда, тој единствемо може државата да ја подели на мафијашки реони.

Начинот на работа од Струмица е префрлен на територија на цела држава. Македонија е ставена на милост и немилост на криминалци, граѓаните се исплашени, а бизнисмените изрекетирани.

ЕУ е ставена пред сериозен предизвик. Отпочнувањето на преговори доколку тоа се случи ќе биде единствено затоа што Унијата сака да ја види државата напредна, а граѓаните посилни. Власта која владее изминативе три години не направи ништо со што ќе можеме да се пофалиме пред светот. Напротив имаме работи од кои како општество треба да се срамиме. Рекет 1 и 2, епидемијата на непотизам, злоупотребата на парите од Фондот за иновации, злоупотребата на евроспки средтсва, и многу други. Системот не успеа сам да се избори против криминалот. Власта ги поклопи соте институции. Со ваквиот начин на владеење не одиме никаде, само уназадуваме.

И да ако прашувате каде е решението. Решението е во брзи избори, за веднаш потоа државата да се стави на брза лента напред. Немаме друга опција. Од нас зависи дали ќе бидеме држава поделена на мафијашки реони или ќе бидеме напредна демократија!?