Македонија 07. јули 2019. / 18:57

Болниот од „Илинденска”

Болниот од „Илинденска”

Нема поадекватен израз да се опише ситуацијата во која се наоѓа Заев и неговата влада, кои ги трчаат последните сто метри од трката која слободно може да ја наречеме „тендерашка”, отколку „болниот од Илинденска” . Веќе на сите ви е јасно, Заев е во политичка кома и само се чека часот кога ќе се обзнани дека „болниот од Илинденска” политички умрел.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Ова што го гледате деновиве, како апсења, закани, притисоци, уцени се само последните обиди со морфиум да му ги ублажат болките. Не помагаат ниту обидите да се прикаже дека нешто се работи, како сечење на ленти на автопати кои друг ги направил. Криминалот, корупцијата, скандалите го нагризаа општеството, и се закануваат со далекусежни негативни последици по државата.

Системот е до толку разјаден што за дејствие против претставници на власта се чека или се става ад акта, а против претставници на ВМРО-ДПМНЕ се прават случаи и таму каде што ги нема. И не е само ВМРО-ДПМНЕ на удар, на удар се граѓаните, бидејќи во желба да се остане што по долго на власт не се бираат методи за репресија.

Може има помеѓу вас и скептици, па ќе си речете – Зарем толку брзо може да ги собориме!? Јас велам да! Периодот на доаѓање до апсолутна власт им се случи многу брзо, дополнително синдромот на семоќност го добија од самиот старт, сето тоа допринесе да се корумпираат, криминализираат и оцрнат до степен на неповратливост.

Граѓаните бараат правда, младите еднакви можности, земјоделците сигурен пласман, пензионерите сигурност, вработените можност за раст, бизнисмените поволна економска клима… Едноставно е сите сакаат државата да тргне напред. Во НАТО ќе влеземе, но за ЕУ е потребна работа, а тоа со овие на власт не е можно.

Меѓународната јавност, стручната политиколошка јавност анкетите, па дури и граѓаните кои не се оптоваруваат секојдневно со политика гледаат во Христијан Мицкоски иден премиер. Веќе се врти моабетот од човечкиот потенцијал, стручноста и одговорноста што можеме да ја понудиме на чело со Мицкоски е неколкукратно поголема од таа на Заев.

Време е за промени. Да свртиме нова страница, да почнеме да пишуваме успеси. Можеме!