Некатегоризирано

АХВ ќе врши контроли дали на пазарите во државата има храна третирана со јонизирачко зрачење

АХВ ќе врши контроли дали на пазарите во државата има храна третирана со јонизирачко зрачење

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши контроли дали на пазарите во државата има храна третирана со јонизирачко зрачење. Увезената храна ќе се проверува со помош на опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена.

Директорот на АХВ вели дека јонизирачкото зрачење не е штетно и оти станува збор за технологија за продолжување на рокот и квалитетот на храната.

– Не станува збор за третман на безбедноста на храната, туку за правото на потрошувачите да знаат каква храна конзумираат. Во тој дел Македонија и АХВ целосно се хармонизиизраа со европското законодавство, каде што исто така е предвидено храната произведена со оваа иновативна технологија да биде означена и потрошувачите да знаат што конзумираат, изјави денеска Атанасовски.

Агенцијата сака со овие контроли да види дали ваквата храна е означена, бидејќи фирмите се обврзани да го направат тоа. И да се види дали при увозот влегува таква храна со оглед дека земјите од ЕУ ја третираат храната со оваа технологија.