Македонија 09. декември 2019. / 21:20

60 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ или двојазичност со СДСМ

60 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ или двојазичност со СДСМ

Планот на Мицкоски е Македонија техолошки тигар на Балканот. Од таква Македонија ќе имаат полза сите нејзини граѓани, без разлика на етникум. Македонија која ќе биде конкурентна на најразвиените економии. За тоа Тој има и план и стратегија. Неговиот мандат не треба да биде мандат за борба со прашањата како двојазичност, туку борба за економски развој, запирање на иселувањето, подобри услуги од јавниот сектор, силен приватен сектор. За да може да се исполни планот за обнова на Македонија потребни се 60 пратеници за ВМРО. За никој да не може да се осуди да го уценува Мицкоски.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Победник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ, тоа го кажуваат сите анкети! И нашите, и нивните и странските. На крај тоа го зборува народот.

Проблемот на државата и нацијата е во тоа што процесите кои ги започна Заев, не се запираат со едноставна победа на избори. Тиранската платформа очигледно ќе се прошири и ќе ја видиме како предизборна платформа на албанските партии за промена на Уставот со цел целосна двојазичност на државата.

Во состојба во која владината ДУИ нема економски успеси за граѓаните, ќе удри на национализам кај албанците, а со тоа, на истото ќе ги принуди и опозициските албански партии, по што ќе имаме ситуација на докажување кој е поголем албанец, трка во која Заев нема да изостане. Наместо ситуација кој повеќе инвестиции ќе донесе, кој подобра даночна политика ќе воведе, кој повеќе благодети за граѓаните ќе овозможи, ние ќе се заглавиме во апстрактна дебата и работи кои не нѐ носат напред, туку назад.

На нашите сограѓани албанци наместо поголеми плати, подобри патишта и поквалитетни услуги ќе им биде сервирана двојазичност, која ниту ќе ги направи побогати, ниту посреќни, ниту пак ќе ги одврати да не се иселуваат, туку ќе ги заглави во бунилото на минатиот век, а со нив и ние ќе бидеме заглавени. Наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ ниду алтернарива и почитување на ставовите на Венецијанската комисија, целосна демократизација на земјата и конечно по 30 години да тргнеме напред.

Двојазичноста и се друго е за заслепување на албанскиот електорат. Вистинските цели се грабеж на државата од страна на актуелната власт, осиромашување на народот и целосна сопственост врз приватниот сектор. Состојба на која мора да и дојде крај. Потребна е обнова. И тоа народот го знае.

Обновата на Македонија може да дојде само со воспоставување на ефикасен правен систем, држава еднаква за сите и поволни економско-даночни политики. Обновата на Македонија ќе дојде со убедлива победа на ВМРО.

За да дојде до обнова, а во меѓувреме да ја зачуваме Македонија каква што ја знаеме ВМРО има потреба од 60 пратеници. Да нема уцени и никакви постизборни коалицирања на штета на Македонија и нејзината иднина, потребно е победата да биде убедлива.

Затоа не е прашање дали ќе победи ВМРО, тоа сигурно ќе биде! Да се избориме за 60 пратеници, за Македонија каква што ја посакуваме. Не на штета на албанците или било кој друг, туку на бенефит на секој еден граѓанин. За држава со граѓански концепт, но држава која ќе ја почитува традицијата, културата и историјата.
За држава која ќе гледа кон иднината, но ќе го почитува минатото на секој.

Планот на Мицкоски е за Македонија техолошки тигар на Балканот. Од таква Македонија ќе имаат полза сите нејзини граѓани. Македонија која ќе биде конкурентна на најразвиените економии. За тоа има и план и стратегија. Неговиот мандат не треба да биде мандат за борба со прашањата како двојазичност, туку борба за економски развој. За да може да се исполни планот за обнова на Македонија потребни се 60 пратеници за ВМРО, за никој да не може да се осуди да го уценува Мицкоски.

Дадов две паралели. Секој нека размисли во која Македонија сака да живее. Оваа на Заев, со криминал, рекет, корупција и квази рамноправност преку двојазичност или напредна држава, каде преку економски напредок ќе имаме реална еднаквост на граѓаните која ќе ја имаме со ВМРО!? Јас сум за втората, а знам и вие!